Германка завршила зад решетки: Се обидела да забремени без нејзиниот партнер да знае за тоа

Сподели со своите пријатели

Во Германија е поднесено необично обвинение против жена (39) која е осомничена дека се обидела да го искористи својот 42-годишен „специјален пријател“.

Loading...

Како што пишуваат германските медиуми, парот почнал да се гледа повремено на почетокот на 2021 година, а жената развила подлабоки емоции, додека мажот бил совршено задоволен од нивната сегашна врска.

Обвинетата за да го задржи партнерот решила да му ги продупчи кондомите за да остане бремена, што еднаш го признала во преписка на WhatsApp.

 

 

Мажот поднел кривична пријава против неа, а жената на крајот признала дека се обидела да манипулира со врската.

Таа првично беше обвинета за силување, но обвинението подоцна беше изменето и сега е обвинета за сексуален напад.

Loading...

Според пишувањата на медиумите, таа е осудена на шест месеци затвор.

Случајот во Германија доаѓа откако Калифорнија стана првата американска држава која прогласи граѓански прекршок во октомври минатата година за отстранување на кондом без согласност на партнерот.