Германка тврди дека се вљубила во авион и сака да се омажи: „Спијам со него, интимни сме…“

Сподели со своите пријатели

Германката Микеле Кобке (29) се заљубила во авионот Боинг 737-800 и сака да се омажи за него.

Loading...

Тоа го објави уште во 2019 година, кога Мирор ја објави нејзината приказна, но до ден денес не е познато дали навистина се „омажила“ за авионот.

 

 

Тогаш го смислила прекарот „Шац“ (богатство) за нејзиниот сакан авион.

– Последен пат бев во врска во 2011 година, но таму немаше љубов. Шац е мојата единствена љубов. Тоа е најубавата врска што сум ја имала. Толку се возбудувам секогаш кога ќе го видам – гордо рече тогаш таа.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Неверојатна куќа во карпа изградена пред 100 години (ВИДЕО)

– Прво ме привлекоа крилата во авионот. Секој авион е различен – додаде таа.

Loading...

Кога оваа бизарна приказна стигна до странските медиуми, Микеле почна да добива грди коментари на социјалните мрежи.

 

 

– Секоја вечер спијам со делови од авион. Ние сме многу интимни. Тоа го нарекувам „врска на далечина“ затоа што можам да бидам со авионот само кога летам во него – рекла Микеле и додала дека и е доста од грди натписи.

– Добивам лоши коментари. Ми велат дека треба да одам на терапија и дека сум болна. Но, јас го сакам мојот живот и среќна сум, рече таа.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зошто полициското комбе се нарекува и марица? (ВИДЕО)

 

Loading...

 

Германката влезе во медиумите пред десет години. Потоа носела корсет на секои три години, дури и додека спиела.

Во тој период половината и се намалила од 64 сантиметри на само 40 сантиметри, пишува Daily Mail.