Германија засекогаш се откажува од руските енергенси

Сподели со своите пријатели

Германија од август целосно ќе престане да купува јаглен од Русија, а од 31 декември ќе се откаже од руската нафта, пренесува Ројтерс, повикувајќи се на германскиот заменик министер за финансии Јерг Кукис.

Loading...

„Секој кој е запознаен со приказната за нафтоводот Дружба, кој беше алатка на советската империја во Источна Европа, исто така знае дека ослободувањето од оваа зависност не е тривијална работа, туку што ќе постигнеме за неколку месеци“, рече политичарот на конференција во Сиднеј.

Агенцијата наведува дека Русија учествувала со 40 отсто од германскиот увоз на јаглен и нафта.

Според Кукис, Германија забрзано гради терминали за увоз на течен природен гас за да ги пополни празнините што ќе се појават по исфрлањето на руското гориво.

Покрај тоа, Берлин се фокусираше на транзицијата кон алтернативни извори на енергија, нагласи тој.

Германија, како и другите западни земји, се соочува со пораст на цените на енергијата и бран на инфлација поради воведувањето санкции против Москва и политиката на откажување од горивото.

Поради поскапувањето на горивото, особено на гасот, индустријата во Германија во голема мера ги загуби конкурентните предности, што се одрази и на другите области од германската економија – најмоќните во Европската унија.