Германија забрани ултрадесничарско списание

Сподели со своите пријатели

Германската полиција денеска соопшти дека забранила ултрадесничарско списание за ширење омраза кон Евреите и негерманските граѓани.

Loading...

Министерката за внатрешни работи, Ненси Фесер, рече дека списанието Компакт (Compact) и компанијата што го издава Компакт Магазин ГмбХ (Compact-Magazin GmbH), како и филмската компанија Конспект филм (Conspect Film) се забранети.

Полицијата извршила претрес на простории и станови во четири германски региони, кои се поврзани со тие организации, нивното раководство и акционери, соопшти Министерството.

Фесер рече дека Компакт е главниот весник на ултрадесничарската сцена и дека магазинот на неискажлив начин агитира против Евреите, против имигрантите и против германската демократија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мигранти ја нападнаа полската армија на границата со Белорусија. Фрлаа гранки кон нив (ВИДЕО)

„Нашата порака е јасна. Нема да дозволиме етничката припадност да дефинира кој припаѓа на Германија, а кој не“, додаде Фезер.

Списанието „Компакт“ го издаваше ултрадесничарот Јирген Елсесер и имаше тираж од 40.000 примероци месечно.

Тој е сопственик и на интернет видео каналот Компакт ТВ (Compact TV).

Компакт беше објавен во 2010 година.

Loading...

Во својот годишен извештај за 2023 година, германската разузнавачка служба наведува дека списанието редовно шири антисемитизам, антималцински чувства, историски ревизионизам и теории на заговор.

Исто така, се наведува дека главната карактеристика на списанието е агитација против парламентарната демократија воопшто и кон германската влада, а Елзазер во минатогодишниот број беше цитиран дека сака да го собори сегашниот режим.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  32 секунди од полетување до катастрофа: Што се случи на летот 171 на Ер Индија?

Подемот на крајната десница во Германија е се поголема загриженост во последните месеци.