Германија со список на приоритетни потрошувачи ако има недостаток од гас

Сподели со своите пријатели

Германската агенција за енергетика објави листа на приоритетни области кои ќе имаат повластен пристап до енергија, доколку има сериозен недостиг на гас во текот на зимата, пренесува Срна.

Loading...

Поради големи прекини во снабдувањето со руски гас преку гасоводот „Северен тек“, властите најавија итни подготвителни мерки за зимата.

„Не можеме да ја класифицираме секоја фирма како системски важна. Производите и услугите за забава се помалку важни. Јасно е дека базените не се од критична важност, а не се ниту производителите на чоколади“, изјави директорот на германската Федерална енергетска мрежа, Клаус Милер, пренесува N1.

Тој како еден од приоритетите ги наведе домаќинствата, но не ја исклучи можноста за прекини во снабдувањето со електрична енергија.

Според него, доколку дојде до рационализација на енергенсите, предност ќе имаат индустриските потрошувачи.

Милер рече дека гарантира дека ќе стори сé за приватните домаќинства да не останат без гас, но дека од периодот на пандемијата е јасно дека не треба да даваме ветувања кои можеби нема да се одржат.

Русија вели дека техничките тешкотии се предизвикани од санкциите поради намалениот проток на гас во изминатите неколку недели, а германските власти тврдат дека тоа е како одмазда за западните санкции воведени поради инвазијата на Москва на Украина.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...