Германија се подготвува за евентуален конфликт со Русија

Сподели со своите пријатели

Германската армија поради војната во Украина планира голема реорганизација на својата армија, објави германскиот неделник „Шпигел“.

Loading...

Генералот Еберхард Корн уште во септември нареди подготовка на армијата за претстојниот конфликт со Русија и дека одбраната на земјата и НАТО мора да биде во центарот на тие планови во иднина.

„Нападите врз Германија би можеле да следат потенцијално без предупредување и со големо влијание на штета“, се наведува во документот со наслов „Оперативни упатства за армијата“.

Армијата мора, како што наведува Корн, да биде подготвена за наметната војна.

Странските мисии треба да бидат помалку важни во иднина, бидејќи сега, како што се вели, многу поважно е вистинското одвраќање.

Германскиот генерал затоа смета дека треба да се зајакне источното крило на НАТО Естонија, Летонија, Литванија и Полска.