Германија ќе продолжи да испраќа бродови за украинско жито

Сподели со своите пријатели

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок денеска изјави дека меѓународната заедница може да постигне резултати со игнорирање на „руските лаги“, коментирајќи ја најавата на Москва дека ќе продолжи да учествува во договорот за извоз на украинско жито од пристаништата на Црното Море.

Loading...

„Русија уште еднаш се обиде да го искористи гладот ​​како оружје, да го користи житото како оружје. А светската заедница, предводена од Обединетите нации, јасно стави до знаење дека не верува во руските лаги и дека ќе продолжи да испраќа бродовi“ изјави Бербок за германската телевизија Велт, пренесува Ројтерс.

Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека Москва ќе продолжи со учеството во Црноморскиот договор за жито, откако ќе ги добие потребните гаранции од Украина.

Русија во саботата објави дека го суспендира своето учество во договорот за жито по нападот во Севастопол врз воените бродови на Црноморската флота и трговските бродови ангажирани за обезбедување на коридорот за жито.

Договорот што го постигнаа Украина и Русија на 22 јули во Истанбул, со посредство на Обединетите нации и Турција, резултираше со извоз на неколку милиони тони прехранбени производи од пристаништата на Црното Море во Украина.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.