Германија има недостаток од милион работници

Сподели со своите пријатели

Според извештајот објавен од страна на Инстиутот за истражување на вработувања (IAB) во Германија никогаш претходно немало толку многу отворени работни места.

Во првите три месеци од 2017 година работодавачите побарале дури 1.000.064 работници, што е за 9.000 повеќе во споредба со последното тромесечје за 2016 година, кое до сега го држеше рекордот.

Зошто Германија е најпосакуваната дестинација за бегалците? (видео)

Loading...

Во однос на првиот квартал од 2016 година, бројот на слободни работни места е зголемен дури за 75.000.

IAB својата проценка ја темели врз одговорите на 8.000 компании од сите економски сектори.

Околу 77% од сите отворени работни места се наоѓаат во Западна Германија. Околу две третини,поточно 64% од тие работни места од потенцијалниот вработен бараат да има завршен занает, додека само 16% бараат високообразован кадар. Останатите 20% од работниците не мора да имаа никакво посебно образование.

Нов Зеланд бара работници, нуди бесплатен пат и сместување

Малите и средни компании сега пред се бараат специјализиран кадар со занает 0 изјавил Александар Кубис, истражувач од IAB.