Германија го продолжи статусот на заштита на украинските бегалци

Сподели со своите пријатели

Бундесратот, Горниот дом на германскиот парламент, ја одобри одлуката на Долниот дом – Бундестагот и донесе декрет за продолжување на статусот на заштита на украинските баратели на азил до почетокот на март 2025 година, соопшти Сојузното Министерство за внатрешни работи и заедници, пренесува агенцијата Танјуг.

Loading...

Дозволите за престој на бегалците од Украина кои добиле заштита во Германија ќе продолжат да важат до 4 март 2025 година“, се вели во соопштението на Бундесрат објавено на веб-страницата на германското МВР.

Се додава дека овие лица не треба да аплицираат за продолжување на нивниот статус на престој и дека не се потребни дополнителни патувања до канцеларијата за имиграција.

Основа за натамошно продолжување на привремената заштита е одлуката на земјите-членки на Европската Унија на крајот на септември 2023 година.

Пристап до образование и работа

Германската министерка за внатрешни работи Ненси Фезер нагласи дека секој што бил принуден да побегне од војната ќе продолжи да биде безбеден во Германија и ќе има пристап до образованието и пазарот на трудот.

„Го продолживме статусот на заштита на бегалците од Украина. Ќе продолжиме да ги штитиме животите на многу луѓе од Украина – се додека трае оваа страшна војна. Ние продолжуваме тесно да ја поддржуваме Украина“, рече министерот.

Во моментов во Германија живеат приближно 1,1 милион Украинци кои влегле во Германија од 24 февруари 2022 година и почетокот на конфликтот со руската инвазија.

Приближно 350.000 од нив се деца и млади помлади од 18 години, приближно две третини од возрасните бегалци се жени.

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.