Германија ги повлекува системите Патриот од Полска

Сподели со своите пријатели

Германија, во согласност со претходните планови, ќе повлече три единици од системот за противвоздушна одбрана „Патриот“ од Полска, по речиси една година, кога беа распоредени во таа земја, соопшти денеска Министерството за одбрана во Берлин.

Loading...

Заедно со системите Патриот, околу 300 германски војници се стационирани во полскиот град Замошк, на околу 50 километри од украинската граница, од почетокот на годината за да го заштитат јужниот град и важната железничка врска со Украина, пренесува Ројтерс.

Германија ги испрати системите „Патриот“ откако залутана украинска ракета го погоди полското село Пржеводов во ноември минатата година, во инцидент што предизвика стравувања дека војната во Украина ќе се прелее преку границата.

Германското министерство во август соопшти дека распоредувањето веројатно нема да биде продолжено по крајот на оваа година, бидејќи системите Патриот или ќе бидат потребни за употреба од силите на НАТО во 2024 година или ќе мора да бидат испратени на одржување.

Германските војници ќе ги завршат своите операции во петок и ќе започнат со прераспоредување од следната недела, соопшти Министерството.