На Германија и недостасуваат експерти и тоа како никогаш досега. Меѓутоа, колку реално е лестно таму да се дојде до работа? Се повеќе германски фирми укажуваат на проблемот на недостаток нар аботна сила. На Германија моментално и недостасуваат 440.000 висококвалификувани работници.
Само во електроиндустријата се бараат околу 50.000 инжинери, во ИТ секторот околу 55.000 експерти, додека во машинството распишани се 11.000 конкурси – односно 50 отсто повеќе од минатата година.
Loading...
Во меѓувреме дури 60 отсто од германските фирми истакнуваат дека недостатокот на квалификувана работна сила им е најголемиот пробле. Секое петто претпријатие затоа бара млади таленти во другите региони, поинтензивно соработува со образовните институции и работи на преквалификација на работниците. Досега 16 отсто од компаниите вовеле флекисбилни работни модели како „делење работа“, додека 14 отсто од нив се подготвени да вработа кандидати и без соодветни квалификации, но со потенцијал за понатамошен развој.
Целта на германската влада е целосна вработеност и тоа веќе до 2025.
Според одредени прогнози, на Германија до 2030. година би можеле да и недостасуваат три милиони квалификувани работници. Моментално слободни се над милион работни место, но исто толку има и долгорочно невработени.