Овие градови ќе ви платат за да се доселите таму

Сподели со своите пријатели

Бегањето од цивилизацијата или нов почеток само се некои од причините кои би можеле да ве потикнат да ги прифатите понудите.

Италијанското гратче Ололаи продава куќи по цена од само еден долар со надеж дека на тој начин ќе привлече нови жители, пред се млади, кои тука би ја обновиле моментално слабата популација.

Меѓутоа, оние кои би посакале да прифатат ваков повик мора да имаат на ум дека имаат и обврска да ја обноват градбата која ќе ја купат, за што, според проценките, би им биле потребни околу 25.000 долари.

Освен Ололаи, и други градови ширум светот даваат „непристојни понуди“ зад а таму се доселат нови луѓе.

 

Loading...

 

Албинен, Швајцарија

Во оваа мало село во швајцарските Алпи, со само 240 жители, доаѓаат голем број туристи, но алармот се вклучил кога голем број од жителите започнале да се иселуваат.

Поради тоа, ќе ви понудат 26.000 долари за возрасна личност и 10.000 долари за дете, доколку посакате да станете жител на селото.

Доколку сакате да живеете во Албенинен, морате и да задоволите неколку услови. Најпрвин да сте помлади од 45 години, а во селото да останете најмалку 10. Недвижнината во која би се вселиле морате да ја користите за живот, а не како викендица, и таа мора да вреди најмалку 200.000 долари.

 

 

Аљаска, САД – било кој град

Жителите на Аљаска, кои во таа најмлада и најголема американска сојузна држава живеат цела година, добиваат годишна дивиденда која властите ја собираат од надокнадата за експлоатација на природните богатства.

– Годишните плаќања овозможуваат жителите да учествуваат во делот на приходите во форма на дивиденда за добробит на сегашните и идни генерации, стои на веб-сајтот на властите од Аљаска.

За да еден граѓанин добие дивиденда мора да живее на Аљаска цела година. Заминувањата не се дзоволени, но граѓанинот мора да покаже желба и волља животот да го мине на Аљаска. Доколку сте отсутни две години, морате да минете најмалку 72 часа на Аљаска за да дивидендата ви биде исплатена.

Минатата година, секој граѓанин на Аљаска добил дивиденда во износ од 1,100 долари.

 

Loading...

 

Саскачивен, Канада

Овој град, познат по активностите во природата, се обидува преку разни стипендии да ги привлече студентите. За да ги исполните условите и станете користник на стипендијата, морате да живеете и да плаќате данок во градот.

Износот кој некој може да го добие се движи од 3.000 долари за едногодишни студии, до 20.000 долари за четиригодишни додипломски студии. Меѓутоа, исплатата не е во готовина и се исплаќа во рок од седум години, за кое време вие морате да живеете и да плаќате данок во Саскачивен.

 

 

Мишима, Јапонија

Со особено добредојде, жителите на оваа јапонско село, кое има 400 жители и се протега на три острови, ќе ги дочека самците, на кои ќе им организираат заминувања на запознавање на идните невести.

Во секој случај, биле сами или не, Јапонец кој ќе се одлучи да се насели во Мишима ќе добие крава, платени патни трошоци од 800 долари и стипендија за првите три години од животот во селото.

Со кравата, во дополнителни предности за живот во Мишими спаѓаат и ниски цени за изнајмување на куќа (200 долари), како и плаќање на трошоците за раѓање на дете и трошоци за образувањето на децата.

 

 

Остров Питкерн, Пацифик

Со девет семејства и околу педесет жители, овој остров е познат по тоа што на него се населиле бунтовниците од легенгардниот брод „Баунти“, територија со најмалку жители во светот.

Како најизолираното место во светот, Питкер е вистински рај за оние кои не сакаат метежи. Се што треба да направите е да дојдете на островот и ќе добиете парче земја.

Меѓутоа, од 2015. година откако понудата е на маса, само една личност го направила тоа. На островот постои само една работилница, која работи три дена во неделата, а она што го нема во неа ќе треба да се нарача од 4.000 километри одалечениот Нов Зеланд. Бродот од Нов Зеланд островот го посетува на секои три дена.

 

Loading...

 

Кендела, Италија

Во оваа живописно гратче во Пуља, на југот од Италија, некогаш живееле 8.000 жители, меѓутоа денеска тој број е за четири пати помал. Помладите го напуштиле градот и отишле во потрага за подобар живот во околните поголеми градови.

Поради големиот број напуштени домови, градските власти понудиле интересни финансиски решенија за да привлечат нови жители и да ги обноват градбите.

Градоначалникот Никола Гата на секому кој во Кандела ќе изнајми куќа и докаже дека има работа која донесува најмалку 7.500 евра годишен приход, му подарува уште 2.000 евра за добредојде.

Leave a Reply