Германец почина во ноќен клуб во Прилеп

Сподели со своите пријатели

 На 14.07.2017 година околу 04,15 часот во ноќен клуб во Прилеп,  му се слошило на Е.М. (1992), државјанин на Сојузна Република Германија кој престојувал во с. Дебреште. Истиот со  возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Клиничка болница во Прилеп, каде била констатирана смрт, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Увид на лице место извршила екипа од ПС-Прилеп.По наредба на ЈО на телото на починатиот ќе се врши обдукција.