Валериј Герасимов, началникот на Генералштабот на руските вооружени сили, беше виден во јавноста во понеделникот за прв пат по неуспешниот бунт на Вагнер на 24 јуни.
Министерството за одбрана објави видео на кое генерал Герасимов слуша извештаи за Украина на состанокот во саботата и разговара со највисоките руски генерали и издава наредби, вклучително и на шефот на воената разузнавачка служба (ГРУ).
Во видеото, министерството ја искористи неговата титула „Началник на Генералштабот на руските вооружени сили и командант на здружените сили во Украина“.
Во прилогот се наведува дека „Началникот на Генералштабот на руските вооружени сили, армискиот генерал Валериј Герасимов, го задолжил началникот на Главната разузнавачка управа и одговорните за командните пунктови да ги идентификуваат локациите за обука и складирање, местата за лансирање ракети С-200 и слични непријателски ударни оружја и да го испланираат нивниот пораз“.
Министерството за одбрана наведува и дека Русија во неделата спречила украински ракетен напад врз Крим и областа Ростов.
That feeling when the special military operation is proceeding according to plan: Russia’s MOD publishes the first footage of Ukraine invasion commander Valery Gerasimov in weeks, apparently to dispel widespread rumors he’d been dismissed pic.twitter.com/7NNauCCXQw
— max seddon (@maxseddon) July 10, 2023
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.