Потребно е да се преземат решителни чекори за решавање на проблемот со големите долгови на некои земји изјави шефицата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева, и ги повика доверителите и должниците под итно да почнат разговори за реструктуирање на долгот.
Британските медиуми наведуваат дека, според Георгиева, одлуката на членките на Г-20 да ја продолжат суспензијата за отплата на долговите во билатералните договори за нови шест месеци ќе им помогне на сиромашните земји, но посочи дека е потребно уште поенергично дејствување.
-Купуваме малку време, но мора да се соочиме со реалноста дека е потребна многу порешителна акција, рече Георгиена на состанокот на Групата 30 поранешни политичари и економски експерти.
Таа посочи дека да се стори премалку и предоцна, исто така, ги чини и должниците, но и доверителите, и предупреди дека во 2021 година глобалниот долг ќе достигне 100 проценти од БДП.
Британските медиуми анализираат дека изјавата на Георгиева доаѓа во време на зголемена загриженост за драстичниот скок на нивото на долг, особено во неразвиените земји и земјите со среден приход, кои се сериозно погодени од епидемијата на коронавирусот, намалувајќи ги приходите од туризам и, во некои случаи, и пониските цени на нафтата.
Сашко Димевски