11.07.2019 11:35

ГЕНИЈАЛНО: Еве што ќе се случи ако пред сечкање кромидот го ставите во фрижидер


Кромидот е единствениот зеленчук кој го растажува човекот. Солзите кај човекот потекуваат само неколку секунди откако ќе го расечат.

Научниците со години ги интересирала оваа карактеристика на кромидот. Со неговото проучување, откриле дека во кромидот и лукот се одива ист хемиски процес, но со различен резултат.

loading...

Јадете лук? Еве осум начини за освежување на здивот по консумацијата

Кога ќе се сече или гмечи лукот, еден посебен ензим доаѓа во допир со друга хемиска состојка во лукот. Тој ензим ја претвора оваа хемиска сосотјка во алицин. Алицинот е материја која на лукот му го дава оној лут мирис кој останува на прстите и здивот. Исто така, кога ќе се исечка кромидот, започнува да делува ензим кој е скоро ист како оној кој создава алицин во лукот.

Image by Robert-Owen-Wahl from Pixabay

Овој ензим реагира со една хемиска сосотјка во кромидот и создава друга, која се вика лакримален фактор. Оваа јемиска сосотјка името ја добила по солзните жлезди, кои се нарекуваат лакримални жлезди. Ситените капки лакримален фактор, невидливи за голо око, летаат до очите на личноста која сечка кромид, поради што очите започнуваат да печат и солзат.

Научниците размислуваат за тоа зошто лукот создава алицин, а кромидот лакримален фактор. Претпсотавката е дека тоа е еден вид одбранебен механизам. Алицинот убива не само бактерии туку и габи. На тој начин може да ја заштити главицата лук од гниење, додека лакрималниот фактор веќе при првото, кобно, луто парче може да ги спречи животните да го јадат кромидот.

Необични фобии поврзани со храната

Но, ако кромидот го ставите во фрижидер пред да го сечкате, студениот воздух ќе го намали дејството на лакрималниот фактор, па и иритацијата на очите нема да биде многу голема.

loading...

Image by Steve Buissinne from Pixabay


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со Кумановски Муабети, е строго забрането!

Последни наслови

Facebook Comments