Руската компанија „Гаспром“ соопшти дека очекува германскиот „Сименс“ да ги исполни сите обврски во рамките на сервисирањето на моторите со гасна турбина од кои зависи работата на гасоводот „Северен тек 1“ и испораката на гас до Европските потрошувачи, пренесува Ројтерс.
„Газпром“, главниот снабдувач на гас во Европа, од 16 јуни ги намали испораките преку „Северен тек 1“ на 40 отсто од капацитетот, припишувајќи го на проблеми со одржувањето на гасните турбини на компресорската станица „Портова“.
Во тоа време, компанијата објави дека Сименс не може да ја врати поправката на гасната турбина поради санкциите од Канада.
Сепак, Канада одлучи да ја изземе опремата на Гаспром од санкции до крајот на 2024 година.
„Газпром на 15 јули официјално и се обрати на компанијата Сименс со барање да достави документација која, земајќи ги предвид актуелните санкции на Канада и на Европската унија, ќе овозможи извоз во Русија на гасен турбински мотор за компресорската станица „Портова“. , кој е многу важен објект за гасоводот „Северен тек“, како и за компанијата Сименс да ги исполни своите обврски во рамките на реновирањето и сервисирањето на моторите со гасна турбина“, се вели во соопштението на руската компанија.
Портпаролот на Сименс оваа недела изјави дека експертите на компанијата „интензивно работат на сите други формални одобренија и логистика“ откако Канада соопшти дека издава „временски ограничена и отповиклива дозвола“ со која се ослободува враќањето на опремата од руски санкции, според Ројтерс.
Физичкиот проток на гас преку гасоводот Северен тек 1 од Русија до Германија беше прекинат на 11 јули поради редовно годишно одржување, а Москва најави дека работата ќе трае 10 дена.
Европските влади, пазари и компании се загрижени дека затворањето може да биде продолжено поради, како што Русија го нарекува „специјална воена операција“ во Украина.
Испораките на гас на Газпром во Европа преку Украина денеска останаа стабилни на 41,6 милиони кубни метри, пренесува Ројтерс.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.