Гаспром го суспендираше гасот за Полска и Бугарија, потврдија двете земји

Сподели со своите пријатели

Руската државна енергетска компанија „Газпром“ објави дека целосно ја прекинала испораката на гас за Полска и Бугарија, откако двете земји одбија да го платат горивото во рубљи.

Loading...

„Газпром“ во соопштението рече дека не добил никакви плаќања од 1 април од Полска и Бугарија и дека ги прекинува испораките до нив од среда.

Компанијата предупреди дека доколку земат гас наменет за други европски клиенти, испораките во Европа ќе се намалат за таа количина.

 

Во Кина прв случај на птичји грип кај луѓе

 

Бугарските власти во март објавија дека немаат намера да го плаќаат рускиот гас во рубљи, како што побара рускиот претседател Владимир Путин од сите европски добавувачи на овој извор на енергија.

Полскиот енергетски оператор PGNiG потврди дека испораката на гас во земјата е прекината.

Loading...

Во првите три месеци, PGNiG увезуваше повеќе од половина од својот гас преку Газпром, но Варшава рече дека ќе се „менаџира“ без руски гас и дека може да најде друг извор.

PGNiG додаде дека неговото подземно складиште за гас е речиси 80 проценти полно, а како што се приближува летото, побарувачката се намалува.

Бугарија соопшти дека целосно ги платила испораките на гас во април и го обвини Гаспром за прекршување на договорот.

 

Во Кина прв случај на птичји грип кај луѓе

 

„Во моментов природниот гас повеќе се користи како политичко и економско оружје во оваа војна“, изјави бугарскиот министер за енергетика Александар Николов.

Тој додаде дека Бугарија го следи ставот на ЕУ, а тоа е да не одговори на барањето на Русија и да почне да плаќа гас во рубли.

Loading...

Соопштението на Газпром доаѓа по збрката од утринава, кога податоците од Европската мрежа на оператори со гас покажаа дека испораката на гас за Полска преку Белорусија накратко е прекината, по што продолжила.

Бугарскиот државен оператор за гас изјави и дека рускиот гас утрово сè уште тече кон таа земја.