Гаспром целосно ја прекина испораката на гас за данската компанија Орстед и германската Шел

Сподели со своите пријатели

Гаспром денеска целосно ја прекина испораката на гас за данската компанија Орстед, како и филијалата на Шел во Германија, поради неплаќање во рубљи, соопшти руската компанија.

Loading...

„Гаспром целосно ја прекина испораката на гас до Orsted Salg & Service A/S (Данска) поради неплаќање во рубљи. На крајот на работниот ден на 31 мај, Гаспром Експорт не доби плаќање за испорака на гас во април од Orsted Salg & Service во согласност со указот на рускиот претседател бр. 172 од 31.03.2022 година“, се наведува во соопштението.

Се додава дека плаќањето за гас испорачан од 1 април мора да се врши во рубљи со употреба на нови детали, за кои договорните страни биле навремено информирани.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Германија наскоро ќе се продаваат само бели јајца

Гаспром, исто така, целосно ја прекина испораката на гас за Shell Energy Europe Limited поради неплаќање во рубљи.

„На крајот на работниот ден, 31 мај, „Газпром Експорт“ не доби плаќање за испорака на гас во април од „Шел Енерџи Јуроп Лимитед“, пишува „Газпром“, додавајќи дека плаќањето морало да се изврши и во рубли.

Договорот меѓу Гаспром Експорт и Шел Енерџи Јуроп Лимитед за испорака на гас во Германија предвидуваше количина од 1,2 милијарди кубни метри годишно.

Во 2021 година, Гаспром Експорт испорача 1,97 милијарди кубни метри гас на Orsted Salg & Service, што беше околу две третини од вкупната потрошувачка на таа енергија во Данска.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Што ја очекува Европа ова лето, по рекордниот топлата пролет?