Гардијан: Која е тајната на југоносталгијата?

Сподели со своите пријатели

Додека на многу граѓани на поранешна Југославија им недостигаат пониските цени и глобалното признание, други предупредуваат на прекумерната романтизација на ерата на Тито.

Loading...

Новинарката на британскиот Гардијан Џесика Бејтман ги истражуваше корените на Југоносталгијата и нејзината моментална перспектива.

Тој ден во Белград, додека сонцето заоѓаше, автобусите застанаа пред Музејот на Југославија, импозантна зграда од средината на 20 век.

Се појави редица луѓе, некои носеа цвеќиња, а неколку го вееја старото национално знаме.

Тие дојдоа во главниот град на Србија за да го посетат мавзолејот во кој се наоѓа гробот на Јосип Броз Тито, основачот на социјалистичка Југославија.

Многумина од посетителите израснале во стариот систем и дојдоа да го одбележат роденденот на диктаторот, кој беше голем национален празник пред распадот на Југославија.

Некои беа членови на левичарски политички партии, а носеа кичести маици и транспаренти.

Сепак, имаше и неколку помлади луѓе. На скалите пред специјалната изложба каде што времето на Тито е прикажано преку плакати, уметнички дела, артефакти и снимени сеќавања на „обичните луѓе“, го сретнав осумнаесетгодишниот Милош Томчиќ со капа и шал на „пионер“ – југословенското младинско движење.

Loading...

„Сакав да видам слика од тоа време“, ми одговори кога го прашав зошто дошол.

„Тоа бело одлично време. Сите се сакале”, ми рече тој. Дали се сметаше за Србин или Југословен? „Југословен“, одговори без двоумење.

„Мајка ми е Србинка, татко ми е Црногорец, баба ми е Хрватка. Всушност, моето семејство е од цела Југославија“, објасни Милош.

Социјалистичка Федеративна Република Југославија, која се состоеше од шест републики – Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија, Црна Гора и  Македонија – беше основана од Тито во 1945 година.

Титовата држава имаше за цел да ги обедини различните етнички и верски групи во регионот под слоганот „братство и единство“.

Растечкиот национализам по неговата смрт во 1980 година доведе до крвави војни во 1990-тите и распад на земјата.

Заедничкиот наратив на тие години беше дека Тито принудувал различни народи да живеат заедно против нивната волја речиси половина век, но 30 години подоцна многумина сè уште имаат длабока наклонетост кон земјата што повеќе не постои и тагуваат за нејзината смрт.

Во Србија, 81 отсто од луѓето веруваат дека распадот на Југославија е лош за земјата.

Loading...

Во Босна, која отсекогаш била најмултикултурната федерална република, 77 отсто го делат тоа мислење.

Дури и во Словенија, која беше првата земја од поранешна Југославија која влезе во Европската унија и се смета за најуспешна, 45 отсто од луѓето се уште велат дека распадот на поранешната држава бил штетен.

Не е чудно што само 10 отсто во Косово, кое немаше целосна независност во Југославија, жалат за распадот.

 

 

(Југо) носталгија или нешто повеќе

Наклонетоста кон поранешниот систем често се нарекува „Југоносталгија“.

Сепак, Лариса Кутовиќ, политички антрополог од Сараево, кој го проучува постјугословенскиот идентитет во Босна, е претпазлива за терминот.

Loading...

„Носталгијата подразбира еден вид меланхолија или копнеж“, вели таа.

Секако дека постои, со бројни ресторани и гостински куќи низ регионот, како што е познатото кафуле „Тито“ во Сараево, кое украсено со кич сувенири, претставува розев поглед на таа ера.

Но, Кутовиќ вели дека има и движење на помлади луѓе кои покритички гледаат на тој период, оценувајќи ги неговите позитивни и негативни страни.

„Постои голема почит за социјалистичкиот период, кој е поврзан со економскиот раст и огромното подобрување на животниот стандард“, вели Кутовиќ, додавајќи дека „нескршените ветувања“ на југословенскиот проект се избледени во споредба со национализмот и насилството што следеа.

Повеќето од поранешните југословенски држави доживеаја огромен економски пад од војните и сè уште се соочуваат со одлив на мозоци.

Босна и Србија се особено оптоварени со политички конфликти, а некогаш утопистичките бруталистички станбени населби и југословенските железници пропаѓаат.

Loading...

Иако Хрватска и Словенија постигнаа релативна стабилност како членки на Европската унија, пристапните преговори за другите земји заглавија, оставајќи многумина сомнеж дали тие некогаш навистина ќе се приклучат на блокот.

Во овој контекст, некои се прашуваат дали минатото има решенија за проблемите на иднината.

Како пример, Кутовиќ ги наведува движењата за работнички права кои се појавија во Босна во последната деценија, а се засноваа на стариот југословенски социјалистички модел на самоорганизирање на работниците.

„Овој систем беше многу специфичен за Југославија“, објаснува Кутовиќ, нагласувајќи го неговото отстапување од сталинистичката државна сопственост на индустријата.

Иако Југославија беше еднопартиска држава, имаше јасни разлики во споредба со другите земји зад Железната завеса.

Loading...

Тито го основаше Движењето на неврзаните и одржуваше избалансирани односи со Западот и СССР, а граѓаните на Југославија можеа да патуваат и на Исток и на Запад.

Моќта на стариот југословенски пасош и денес ја спомнуваат многу од оние што ги среќавам на гробот на Тито, на кои сега им треба виза за да влезат во повеќето земји.

 

 

Loading...

„Самите по себе мали и безначајни“

Друга честа тема на која се осврнува Кутовиќ е губењето на статусот и перцепцијата дека луѓето се преселиле од живеење во релативно голема и почитувана земја во многу помали и помалку значајни држави.

Ѓорѓе Пералок е роден во Македонија во 1989 година, но сега живее во Бангкок.

„Секогаш кога треба да завршам некоја бирократија, како отворање банкарска сметка овде, тие никогаш не можат да ја најдат Северна Македонија во системот, но можат да ја најдат Југославија. Југославија затоа што самите сме толку мали и безначајни“, се жали Ѓорѓе.

Тој верува дека слични чувства се чести меѓу луѓето на негова возраст, кои всушност никогаш не живееле под стариот југословенски систем.

„Целата инфраструктура ни е од тој период, а сега се распаѓа“, посочува Ѓорѓе.

Има и движења кои го глорифицираат антифашистичкото и антинационалистичкото наследство на регионот, кое војните го ревидираа или се обидоа да го избришат.

Loading...

Се создадоа хорови кои пеат стари партизански песни, како на самиот Балкан, така и во заедниците во дијаспората.

Така, во Виена, хорот „29 Ноември“, именуван по датумот на основањето на Југославија, има членови од сите земји на поранешна Југославија.

Неговата првична цел беше да го потисне национализмот што се појави во дијаспората за време и по војните.

Југословенските работнички клубови, каде што луѓето порано се состануваа за да пијат кафе, да разговараат и да играат шах, потоа станаа сегрегирани по етничка припадност.

Членовите на хорот се облекуваат во црвени и сини јакни со пентаграми, кои потсетуваат на старото југословенско знаме, но избегнуваат да пеат песни директно поврзани со Комунистичката партија или со оние кои го слават Тито.

Loading...

„Тоа е свесна одлука, бидејќи знаеме дека има и глорификација, што е проблематично“, вели диригентот Јана Долецки, која по потекло е од Хрватска и се преселила во Виена во 2013 година. „Исто така, тие навистина немаа добра песна“ се смее таа.

Наместо тоа, членовите внимателно избираат мелодии за кои веруваат дека можат да се применат и на актуелните политички прашања како што се порастот на национализмот и популизмот.

„Се обидуваме да се држиме настрана од историскиот ревизионизам. Може да се препуштите на славењето на минатото, секогаш велејќи дека е подобро, но не размислувајќи што всушност значи подобро“, вели Јана.

Хорот им помогнал на некои членови да истражат чувствителен период од историјата на нивната земја.

Марко Марковиќ, кој е роден во Белград, но пораснал во Виена, вели дека неговото семејство одбило да разговара со него за војните кога тој бил дете.

„Беше премногу комплицирано за седумгодишно дете да го разбере, или така мислеа. Секогаш имав чувство дека историјата е табу тема од каде што потекнувам“, вели Марко.

Кога го нашол хорот, почувствувал дека конечно може да „закрпи некои дупки“.

 

 

„Растејќи, Југославија ми изгледаше како рај“

Интернетот, исто така, обезбедува засолниште за луѓето кои сакаат да откријат занемарени аспекти на нивното наследство.

Неколку популарни профили на Инстаграм потсетуваат на мебелот, бруталистичката архитектура и графичкиот дизајн од тој период.

Петар Корчак, кој пораснал во тогашна Чехословачка, го започна подкастот „Сеќавање на Југославија“ во 2020 година.

„Додека растев, Југославија ми изгледаше како рај“, вели тој, објаснувајќи дека многу луѓе избегале од чехословачкиот режим во Југославија.

Истото често го правеа и дисидентите од другите комунистички земји, како Романија од времето на Чаушеску.

„Го гледавме насилното распаѓање на Југославија додека бев сведок на мирното распаѓање на мојата земја. Почнав да ги споредувам двете и едноставно станав фасциниран од темата“, вели Корчнак.

Тој истакнува дека бил воодушевен од емотивните изливи на некои слушатели.

Loading...

„Најдобриот коментар што сум го слушнал е дека подкастот е како терапија. Многу луѓе велат дека долго време се срамеле дури и да помислат на зборот Југославија“, се сеќава Корчнак.

Тој смета дека е очигледна наклонетоста што многу поранешни Југословени ја имаат кон стариот систем.

„Можеби ќе слушнете постари луѓе во Чешка како велат дека работите тогаш биле поевтини, но главно сите продолжиле понатаму. Во поранешна Југославија тоа се претвори во нешто сосема поинакво“, истакнува Корчнак.

 

 

Генерација без предрасуди и трауми

Сепак, некои се покритични кон она што го гледаат како прекумерна романтизација на периодот.

Loading...

Семејството на Арнела Исериќ е од Босна и избегало во САД, каде што пораснала за време на војната.

„Мојот впечаток како дете беше дека времето на Југославија беше најубаво и дека се е хармонично, но кога пораснав сфатив дека има работи што не ми се допаѓаат во тоа“, нагласува Арнела и го наведува недостатокот на правата на ЛГБТ заедницата и сузбивање на политичкиот плурализам.

Сепак, вели дека сѐ уште може да се идентификува со „духот на Југославија“.

„Кога патувам во други делови од регионот, како Црна Гора или Хрватска, секогаш чувствувам дека сум поврзана со луѓето. Го зборувам нивниот јазик и имаме слична култура“, посочува Арнела.

Како што одминува времето, помладите се помалку директно погодени од траумите од војната, па некои сметаат дека станува полесно да се анализира периодот на Југославија.

„Речиси секој ден некој прашува дали може да нѐ интервјуира за нивната дисертација за постјугословенскиот идентитет“, вели Јана Долецки, диригент на Виенскиот хор.

„Тоа беше табу тема долго време“, се согласи нејзиниот колега Марковиќ.

Loading...

„Сепак, оваа генерација го има луксузот да биде историски доволно далеку за да нема предрасуди и трауми. И мислам дека тоа ќе станува сè поважно“, заклучува Марковиќ.