Поради тешкотии во работењето, американската марка за облека ГАП треба да се разделиа од 120 продавници во Европа, јави дописникот на МИА.
ГАП ќе го напушта стариот континент. Присутен во Франција, но и во Италија и Велика Британија, американскиот бренд ќе ги затвори сите свои продавници во Европа, пишува париски „Ле Монд“. Вкупно, скоро 120 продажни места се опфатени со овој план, кој треба да стапи во сила во јули 2021 година.
За да се справи со финансиските тешкотии, брендот за облека веќе го намали бројот на продавниците на континентот. Особено во Франција, каде што групацијата минатата година објави затворање на 8 од своите 28 продавници. Вкупно, групацијата се обврза да се раздели со 230 продажни места. Избор што потоа треба да му овозможи „зајакнување на здравјето на и да послужи како посоодветна основа за заживување на марката“. Специјалистот за спортска облека тогаш ја објави својата цел да постигне заштеда од 90 милиони долари годишно.
Но, Ковид-19 и различните рестриктивни мерки ширум светот групацијата ја ставија во уште потешка ситуација. Во вториот квартал, ГАП пријави загуби од 62 милиони евра.
Тони Гламчевски, Франција