Габриел: Ни се заканува опаносност од војна

Сподели со своите пријатели

Германскиот министер за надворешни работи Зигмар Габриел денеска од Минхем упати порака дека светот од почетокот на 2018. година се соочува со бројни безбедносни предизвици и закани од големи конфликти во различни региони.

– Во меѓународната политика моментално се чувствува недостаток од предвидливост и доверливост. Војната во сирија станува акутна опасност за нашите блиски партнери, рекол Габриел на вториот ден од конференцијата за безбедност во главниот град на Баварија.

Зборувајќи за нуклеарната криза на Корејскиот полуостров, рекол дека Зимските олимписки игри можат привремено да ја ублажат „екстремно опасната ескалација поврзана со севернокорејската нуклеарна програма“.

Од останатите закани Габриел ја спомена амбицијата на Кина за глобална доминација, руската употреба на воена моќ и растечкиот национализам и протекционизам.

Вториот ден од конференцијата доби фокус за Брегзит како и идните односи на Велика Британија со Европската унија.

на неформалниот состанок на челниците од 80 земји ќе се обрати британската премиерка Тереза Меј, која се сретна со глерманската канцеларка Ангела Меркел во Берлин.

Leave a Reply