Групата седум (Г7) во вторникот ја повика Кина да изврши притисок врз Русија да ја запре агресијата врз Украина, откако министрите за надворешни работи на блокот се состанаа на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации и издадоа заедничка изјава, пренесува Ројтерс.
Во соопштението објавено од Министерството за надворешни работи на Јапонија, претседавач со Г7, се наведува дека членките се надеваат дека Кина ќе се заложи за итно, целосно и безусловно повлекување на руските трупи од Украина.
Соопштението доаѓа во време кога кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји е во четиридневна посета на Русија, при што се очекува двете земји да ветат подлабоки политички врски, а на повидок е и можна посета на претседателот Владимир Путин на Пекинг.
Членовите на Г7, исто така, го поздравија учеството на Кина на состанокот предводен од Украина во Џеда и „дополнително ја охрабрија Кина да поддржи праведен и траен мир, вклучително и преку директен дијалог со Украина“, се вели во соопштението.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.