Фудбалерите во Бундеслига праќаат поддршка за бегалците

Сподели со своите пријатели

Сите фудбалери во првата и втората германска лига за викенд ќе играат со пораки за подршка на бегалците, кои ќе ги носат на своите дресови.

Loading...

Пораките ќе ги носат како знак на солидарност кон луѓето кои бегаат од војна и сиромаштија во кои нивните земји се наоѓаат.

Пораката ќе гласи „Да помогнеме. Добредојде на бегалците“, а ќе биде истакната на дел од дресот на кој до сега беше рекламното лого на компанијата „Хемес“.

Генералниот менаџер на берлинската „Herte“, Мајкл Перц вели дека проблемот со бегалците се однесува за сите и дека никој не смее да го сврти погледот на страна.

Ние, бундеслигашѓки клубои мораме да го искористиме својето влијание, како и можноста да помогнеме на многу бегалци кои веќе многу работи преживеале – вели Прец.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.