Фудбалер на Куманово Еуроспорт потпиша за Динамо Загреб

Сподели со своите пријатели

Осумнаесетгодишниот фудбалер на Куманово Еуроспорт Филип Антовски, е нов член на Динамо Загреб.

Loading...

Филип Антовски ги помина сите младински категории на Куманово Еуроспорт, беше дел од младинци и првата екипа на „Вардар“ каде одигра неколку натпревари за најтрофејниот клуб, како и стандарден репрезентативец на Македонија до 19 години.

Настапува на позицијата лев бек, но може да игра и како крилен фудбалер по левата позиција.

Досега од фудбалската школа од нашиот клуб имаат излезено неколку фудбалери како што се Столе Димитриевски кој настапува за Рајо Ваљекано во Шпанија, и Давид Денковски –кој настапува за Академија Пандев и Репрезентацијата на Македонија У19.

Во клубот моментално тренираат околу 160 фудбалери и се на добар пат да обезбедат учество во Прва Македонска лига. Имаат учествувано на многу меѓународни турнири во сите категории,со освоени први места, медали и пехари.

Фудбалскиот клуб Куманово Еуроспорт има склучено договор и соработка со прволигашот Академија Пандев.

Leave a Reply