ФСБ: Спречен терористички напад на украинските специјални сили

Сподели со своите пријатели

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) денеска соопшти дека спречила терористички напад на логистички терминал во градот Брајанск во западна Русија, што, според нив, бил обид на украинските специјални сили.

Loading...

„ФСБ ги прекина подготовките на украинските специјалци кои сакаа да извршат терористички напад на логистичкиот терминал во Брјанск. Украинец од Киев пристигнал во руската гранична зона преку Естонија по инструкции на украинската служба за безбедност и бил уапсен за време на операцијата“, изјавија од ФСБ за агенцијата ТАС С.

Според ФСБ, Украинецот се покајал и ја помага истрагата.

Од него е запленета бомба еквивалентна на три килограми ТНТ и опрема за контактирање со украинската служба за безбедност.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кремљ му порача на НАТО: Опасно е да се игнорираат зборовите на Путин

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.