Во Краснојарската област се приведени две лица кои планирале да кренат во воздух базни комуникациски станици во ЗАТО (затворена административно-територијална институција) Зеленогорск, соопшти прес-службата на регионалната управа на Федералната служба за безбедност на Русија (ФСБ).
Во соопштението се наведува дека двајца приврзаници на организацијата „Граѓаните на СССР“, која е забранета во Русија, планирале да ги минираат базните станици на ЈАД „Ростелеком“ и АД „ТрансТелеком“ за да оневозможат испраќање повици преку „Државна служба“ за регрутирање на руски граѓани, кои потпаѓаат под мобилизација.
Според информациите на истрагата, осомничените преку трето лице се подготвувале да набават динамит ТНТ и други експлозиви.
Меѓутоа, при преземањето на експлозивот, службениците на ФСБ ги задржале, пренесува Спутник.