ФСБ откри кој стои зад нападот на мостот на Крим

Сподели со своите пријатели

Руската ФСБ излезе со соопштение во кое се наведува дека зад нападот на мостот на Крим стои Главната разузнавачка управа на Министерството за одбрана на Украина.

Loading...

Терористичкиот напад на мостот на Крим го организирале Главната разузнавачка управа на Министерството за одбрана на Украина и нејзиниот началник Кирил Буданов, а во текот на истрагата досега се уапсени осум лица, соопшти руската Федерална служба за безбедност (ФСБ), пренесува Интерфакс.

ФСБ соопшти дека во рамките на истрагата за терористичкиот напад на мостот на Крим привела пет државјани на Русија и тројца државјани на Украина и Ерменија, а за организатор на терористичкиот напад е прогласена украинската воена разузнавачка служба, пренесува Интерфакс.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кремљ му порача на НАТО: Опасно е да се игнорираат зборовите на Путин

Уапсените учествувале во подготовката на злосторството, соопшти денеска руската тајна служба.

ФСБ соопшти дека заедно со Истражниот комитет е утврдено дека „организатор на терористичкиот напад на мостот на Крим бил Главната разузнавачка управа на Министерството за одбрана на Украина, нејзиниот шеф Кирил Буданов, вработени и агенти“.

Како што утврдила истрагата, експлозивната направа била камуфлирана во ролни со градежна полиетиленска фолија на 22 палети со вкупна тежина од 22.770 килограми и на почетокот на август „испратена од морското пристаниште Одеса во бугарскиот град Русе по договор бр. 02/08/2022 помеѓу Транслогистик ДОО УА“ (Киев) и „Балтек Капитал СА“.

Разузнавачката служба нагласи дека истрагата за нападот продолжува, а сите нејзини организатори и соучесници, „вклучувајќи и странски државјани, ќе одговараат во согласност со руските закони“, наведува Интерфакс.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украина: Русите со дронови нападнаа енергетски објекти во Суми

Рускиот претседател Владимир Путин на 9 октомври изјави дека експлозијата на клучниот мост што го поврзува Крим со Русија е терористички чин, планиран од украинските специјални служби.

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.