ФСБ: Ликвидиравме украински саботери на граница

Сподели со своите пријатели

„Ликвидирани се четворица Украинци кои се обиделе да преминат во руската област Брјанск“, соопшти руската служба за безбедност ФСБ.

Loading...

ФСБ ги опиша Украинците како „диверзантска група“, јавуваат руските новински агенции.

Тие, наводно, биле вооружени со оружје од странско производство и четири импровизирани експлозивни направи.

„Саботерите со себе имаа странско оружје: германски автомати SIG Sauer и муниција. Покрај тоа, имаа уреди за комуникација и навигација, како и средства за извршување диверзантско-терористички акции – четири IED со вкупна носивост од околу 40 килограми ТНТ објави РИА Новости.

Сè уште нема коментари од Украина.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Сесија на Генералното собрание на ОН следната недела: 130 лидери ќе разговараат за Газа и Украина

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.