ФСБ: Фативме Русин кој сакаше да се приклучи на украинската армија

Сподели со своите пријатели

Руски државјанин кој сакал да се пријави во украинската армија е уапсен и обвинет, соопшти руската безбедносна служба ФСБ, а јави режимската руска новинска агенција ТАСС.

Loading...

Жител на Абакан, кој се наоѓа во руската Република Каказија, е уапсен на аеродромот во Краснојарск, Сибир.

Доколку биде осуден, ќе заврши во затвор од 12 до 20 години за „обид за предавство“, јави ТАСС.

„Федералната служба за безбедност уапси жител на Абакан од Република Какасија, кој е осомничен за обид за предавство“, се вели во соопштението на ФСБ.

„Тој сакал да оди на страната на непријателот“

„За време на операцијата за пребарување, утврдено е дека уапсениот сакал да премине на страната на непријателот, односно да се приклучи на вооружените сили на Украина за да учествува во воените дејствија. За да го стори тоа, извршил вандалски чин во административната зграда на регионалните власти“, соопштија од ФСБ.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Путин најави сериско производство на модерно оружје за руската армија

„При обид да ја напушти земјата, тој беше уапсен на аеродромот во Краснојарск“, се наведува во соопштението.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.