Фросина Лазаревска е новиот координатор на ЗНМ за Куманово (видео)

Сподели со своите пријатели

Новинарите и медиумски работници од Куманово, членови на Здружението на новинари на Македонија, вчера едногласно за нов координатор на регионалната канцеларија ја избраа Фросина Лазаревска, дипл. археолог и поранешен дописник на ТВ Телма за Североисточниот регион.

Loading...

11751992_10204996174400968_958983341_o

Лазаревска во својата професионална кариера како дописник на ТВ Телма бележи 13 години известувачка работа од Куманово, Кратово и Крива Паланка, и тоа што сега не е работи во медиуми, не е пречка, Лазаревска да не работи на планот на враќање на достоинството на професијата новинар, вели таа.

11748217_10204996173800953_1472348603_o

Досегашниот координатор со двократен мандат, Сузана Николиќ, се заблагодари на членовите на ЗНМ од Куманово за успешната соработка со своите колеги, и фактот што Регионалната канцеларија успеа да одржи ниво на професионалност, и да има своја канцеларија од каде дописниците за медиумските куќи во Македонија испраќаат свои натписи и новинарски текстови.

11750774_10204996173600948_1163499041_o

На состанокот на Регионалната канцеларија на ЗНМ во Куманово присуствуваше и новинарот Томислав Кежаровски, кој од позиција на потпретседател на здружението, најпрвин се заблагодари за целокупната поддршка на колегите за време на неговата битка при притворањето и деновите поминати во затвор, со ветување дека наскоро ќе оствари нова средба со сите новинари засебно, за да добие слика за позицијата на локалните новинари, дописници и медиумски работници и остварување на нивните права согласно Колективниот договор за работничките права.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.