Фразата на трамп „лажни вести“ прогласена за „збор на годината“

Сподели со своите пријатели

Фразата „лажни вести“ која често ја користи американскиот претседател Доналд Трамп стекнала одреден легитимитет по што речникот Колинс ја прогласил за „збор на годината“.

Колинс одлуката ја донел по сеприсутна расправа за употребата на таа фраза во изминатите 12 месеци.

Трамп сака да ја уништи Северна Кореја, а Американците не знаат каде се наоѓа (видео)

Лексикографите на речникот соопштиле дека употребата на овој термин била зголемена за 365 пати од 2016 година.

Фразата е карактеристична за реториката на Трамп кој неодамна по повод истрагата за наводна вмешаност на Русија во претседателските избори во САД 2016 година, наведе на својот профил на Твитер дека лажните вести работат прекувремено, како и дека лажните вести се слаби.

рамп често го користи тој термин, а минатата недела зијави дека тој го измислил.

Како изгледа одморот на најмоќните луѓе во светот: Каде летуваат Трамп и Путин? (фото)

Колинс, сепак, наведува дека терминот „лажни вести“ започнал да се користи во првата деценија на 21 век на американската телевизија, за да се опишат лажните, често сензационалистички информации кои се шират под заштита на новинарското известување.

Употребата на фразата е зголемена од 2015 година, а оваа година дополнително е популаризирана, па поради својата сеприсутност ќе добие место во наредното печатено издание на речникот Колинс.

Трамп ја подава вилата со 11 спални соби и 5 хектари земјиште на Карибите (видео)

На листата „збор на годината“ се наоѓаат и други многубројни зборови во врска со политиката и актуелните прашања.

Текст: Танјуг / фото: Ројтерс