Француските левичарски партии најавија заеднички настап на парламентарните избори

Сподели со своите пријатели

Француските левичарски опозициски партии ветија дека ќе номинираат заеднички кандидати на претстојните парламентарни избори што ги распиша претседателот Емануел Макрон, откако неговата партија Преродба претрпе пораз од екстремно десничарската партија Национален собир на Марин Ле Пен на изборите за Европскиот парламент.

Loading...

Француските социјалисти, зелените, комунистите и порадикалната партија Франција неосвоена повикаа во изјава за заедничка платформа која, како што се наведува, „ќе претставува алтернатива на Емануел Макрон и ќе се бори против расистичкиот проект на екстремната десница“, пренесува Ројтерс.

Се додава дека партиите ќе поддржат заеднички кандидати во секоја изборна единица.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ЕУ доби прво барање да одобри продажба на месо одгледувано во лабораторија

Овој блок партии соработуваше накратко за време на кампањата за парламентарните избори во 2022 година, пред несогласувањата околу лидерските и политичките прашања, како што е војната во Газа.

Во неделата, по објавувањето на прелиминарните резултати за пратениците на ЕП, Макрон објави дека ја распушта француската влада и распиша парламентарни избори за 30 јуни и 7 јули.

На изборите за ЕП, партијата на Макрон „Преродба“ освои 14,56 отсто од гласовите, со што доби 13 мандати, додека партијата на Ле Пен освои 30 мандати со 31,47 отсто од гласовите.