Француски државјанин приведен на ГП Табановце

Сподели со своите пријатели

Четириесет и деветгодишен државјанин на Франција викендов бил приведен на Граничниот премин Табановце, поради прекршување на Законот за странци.

Loading...

– На 06.03.2021 во 13,25 часот на Граничен премин„Табановце“ од полициски службеници бил приведен М.Т.(49) државјанин на Р.Франција, бидејќи при извршени гранични проверки било констатирано дека лицето е со непријавен престој во државата, со што сторил прекршок од Законот за странци, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Лицето е предадено на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Никола Ивановски

Leave a Reply