Француски борбен авион се урна во Мали

Сподели со своите пријатели

Француски борбен авион се урна во малиската провинција Мопти, околу 650 километри источно од главниот град Бамако, јавува Anadolu Agency (AA).

Loading...

Авион „Мираж 2000Ц“, кој припаѓал на француското воено воздухопловство, се сруши во близина на регионот Хомбори во Мопти, заради технички проблем, се вели во соопштението на генералниот штаб на Франција.

Авионот паднал околу 11 часот по локално време, а двајца пилоти успеале да скокнат и да се спасат пред авионот да се сруши.

Француските трупи во земјата успеале да стигнат до остатоците од авионот, а покрената е истрага за инцидентот.

фото: илустрација

Leave a Reply