Русија ќе се соочи со колапс на нејзината економија како резултат на западните санкции кои ја казнуваат Москва за нејзината инвазија на Украина, изјави денеска францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер.
Loading...
„Ќе започнеме целосна економска и финансиска војна против Русија. Ќе предизвикаме колапс на руската економија“, изјави Ле Мер за АФП, пренесе Ројтерс.
Соединетите Држави и нивните сојузници воведоа санкции кон руската централна банка, водечки руски бизнисмени и функционери, вклучително и самиот претседател Владимир Путин, а исто така им забранија на некои руски банки пристап до меѓународниот платен систем SWIFT.
Руската рубља вчера забележа драстичен пад, за денеска да врати дел од загубите.