Франција забележа рекордна количина на врнежи

Сподели со своите пријатели

Во Франција за 26 дена, од 18 октомври до 12 ноември, е забележана рекордна количина на врнежи досега.

Loading...

Француската метеоролошка агенција соопшти дека во тој период биле забележани просечни 215,4 милиметри дожд на метар квадратен, објави „Фигаро“.

Се посочува дека поради обилните врнежи, поплавите го погодија Па-де-Кале на северот на Франција.

Тие екстремни временски услови не се без последици по населението. Бурите Киеран и Домингос предизвикаа штета од околу 1,3 милијарди евра, една од најголемите загуби од невремето во Франција, објави во понеделникот Федерацијата на француските осигурителни компании.

Во поплавите и невремето Киран и Домингос во Франција загинаа три лица, а десетици се повредени, јавува Танјуг.