Франција воведува квоти за работници надвор од земјите на ЕУ

Сподели со своите пријатели

Париз сака повторно да воспостави контрола на миграциската политика. Затоа локалната самоуправа усвои план со 20 мерки, што треба да покаже дека Франција е отворена земја, но не и наивна. За прв пат ќе бидат воведени квоти за работниците од земји надвор од Европската унија.

Loading...

Француската влада внимателно го следи расположението на гласачите, пред локалните избори следната година и претседателските избори во 2022 година. Затоа владата подготви план за имиграција.

„Мора да ја контролираме миграцијата затоа што станува збор за суверенитетот на земјата. Ова значи дека кога ќе кажеме „да“, тогаш тоа навистина значи „да“и кога ќе кажеме „не“, тогаш тоа значи„не“, вели францускиот премиер Едуард Филипе.

Се планира да се отстранат повеќе кампови за мигранти. Оние на истокот на Париз ќе бидат расчистени до крајот на годината.

Постапката за азил ќе биде забрзана, ќе се градат домови за азил и ќе се утврди кој може да добие бесплатна медицинска помош. Исто така, постои идеја за квоти во одредени аспекти на миграцијата.

Ресорниот министер појаснува дека ќе има ограничен број имигранти од надвор од Унијата.

„Приоритет е да помогнеме да ги вратиме Французите на пазарот. Доколку е потребно, во корист на државата и компаниите, ќе ги донесеме луѓето што ни се потребни, во зависност од нивното занимање и квалификациите“, вели министерот за труд, Муриел Пенико.

Францускиот претседател Емануел Макрон, кој е во Пекинг, не сакаше да ги коментира новите мерки пред премиерот Филипе.

Loading...

„Бидејќи сме добро организирани, Филипе ме чека да ја заврши конференцијата за да зборуваме за имиграцискиот план“, вели Макрон.

Франција доби 28.575 барања за азил во вториот квартал од оваа година, според Евростат, што е над европскиот просек и ја става земјата на осмото место во Европа.

Земјата има најголема муслиманска заедница во Западна Европа.

Leave a Reply