Франција: Со вештачка интелигенција „ловат“ непријавени базени

Сподели со своите пријатели

Неочекуван прилив од околу 10 милиони евра, и донесе на даночната управа на Франција откривањето на непријавени базени.

Loading...

Оваа сума на пари е собрана благодарение на едномесечен експеримент во кој даночната служба пронашла 20.000 „скриени“ базени благодарение на вештачката интелигенција.

Пилот проект

Сопствениците на базени во Франција мора да ги пријават на даночните власти, бидејќи ја зголемуваат вредноста на куќата, што значи и повисоки даноци на имот.

За да пронајде непријавени базени, даночната администрација користела софтвер развиен во соработка помеѓу Google и француската консултантска компанија Capgemini.

Пилот-проектот за пребарување на базени на овој начин беше спроведен во октомври 2021 година во девет региони, а поради добрите резултати, даночните власти сега сакаат да го применат на територијата на целата земја.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кина испраќа тројца астронаути во вселенската станица како дел од програмата на Месечината

Изградба на базен

Изградбата на базени почна да цвета уште пред кризата со Ковид, а со работата од дома што ја донесе пандемијата, базените „експлодираа“ во Франција.

Весникот „Паризиен“ објави дека данокот на просечен базен од 30 квадратни метри е околу 200 евра годишно.

УЈП сега сака да ја прошири апликацијата на софтверот, така што тие не бараат само базени, туку и надградени тераси, тремови, викендички и други објекти на кои се плаќа и данок.

Loading...