Франција се соочува со најголемата суша досега забележана

Сподели со своите пријатели

Француската премиерка Елизабет Борн предупреди дека земјата се соочува со најлошата суша досега забележана во земјата и најави активирање на владините кризни тимови.

Loading...

Борн рече дека многу области во Франција минуваат низ „историска ситуација“ бидејќи земјата го издржува третиот топлотен бран ова лето, пренесува АП.

– Исклучителната суша што во моментов ја доживуваме лишува од вода многу општини и е трагедија за нашите земјоделци, екосистеми и биодиверзитет – посочи таа.

Временските прогнози сугерираат дека топлината, која го зголемува испарувањето и потребите за вода, би можела да трае во следните 15 дена, што би ја направило ситуацијата уште покомплицирана, се вели во соопштението.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Вештачката интелигенција се заканува на осум милиони работни места во Британија

АП објаснува дека владината единица за кризи ќе биде задолжена за следење на ситуацијата во најтешко погодените области и ќе ги координира мерките како што е носење вода за пиење на некои места.

Затоа ќе се следи влијанието на сушата врз француското производство на енергија, транспортната инфраструктура и земјоделството.

Се истакнува дека сушата би можела да го принуди францускиот енергетски гигант ЕДФ да го намали производството на енергија во нуклеарните централи кои користат речна вода за ладење на реакторите.

Се додава дека Франција сега има 62 региони со ограничувања на водата поради недостаток на дожд.

Loading...

Министерот за еколошка транзиција Кристоф Безу за време на посетата на југоисточна Франција изјави дека повеќе од 100 општини не можат да снабдуваат вода за пиење преку чешми и дека е неопходно да се снабдува со камиони.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Јапонија лани регистрирани рекордни 123.000 случаи на злоупотреба на деца

– Колку е полоша ситуацијата, толку повеќе ја даваме водата за пиење пред другите потреби – рече тој.

АП објави дека јули во Франција бележи рекорден дефицит на врнежи, со само 9,7 милиметри дожд според националната метеоролошка агенција Метео Франс, што е за 84 отсто помалку од просечните бројки за истиот месец во последните три децении.

Метео Франс, исто така, објави дека јули 2022 година бил вториот најсушен месец од почетокот на мерењата во 1958-1959 година.

Земјоделците ширум земјата пријавуваат потешкотии да го нахранат својот добиток поради недостаток на свежа трева и забележуваат помали приноси, особено кај ненаводнуваните полиња и земјоделските култури интензивни за вода, како пченката.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Џакарта повеќе нема да биде главен град на Индонезија