Франција против отворање преговори со Северна Македонија и Албанија

Сподели со своите пријатели

Франција ги извести другите земји од ЕУ дека е против започнувањето на преговорите за членство на Северна Македонија и Албанија, изјавија дипломатски извори за Ројтерс.

Loading...

Повеќе од половина од 28-те земји членки на ЕУ, како и високи официјални претставници во Брисел, се залагаат двете балкански држави да бидат наградени за реформите со одлуката за започнување преговори за членство.

Тие предупредуваат дека Русија, Кина или Турција би можеле да искористат „стратешки вакуум“ во овој регион, доколку ЕУ не успее да ја зачува можноста за членство на овие земји.

Париз рече дека ЕУ се соочува со многу предизвици во моментот за да може да смести уште две земји од Балканот, регион кој сè уште ги носи лузните од војните во 90-тите години и има проблеми со криминалот и корупцијата.

Франција соопшти дека ЕУ треба да се фокусира внатрешно и поинтензивно да се справи со климатските промени и миграциите и дека двете земји треба да спроведат дополнителни реформи пред да се одобрат преговори.

„Тие сè уште не се на тоа ниво. Бараме од нив да направат дополнителни напори. Преговорите не можат да се отворат во октомври 2019 година. Ќе треба да ја преиспитаме ситуацијата некаде во текот на 2020 година”, рече еден француски официјален претставник.

За старт на преговорите за членство во ЕУ е потребна согласност од сите 28 земји членки.

Leave a Reply