Франција: Нов пациент на секои 30 секунди, на интензивна нега – на секои три минути

Сподели со своите пријатели

Бројот на лица кои се згрижени во болници во Франција  поради Ковид-19 сега е поголем од претходните пикови во април. Тоа го изјави денеска францускиот премиер Жан Кастекс.

Loading...

– Во моментот имаме повеќе од 32.000 пациенти заразени со Ковид-19 во болниците, изјави тој на брифинг со новинарите.

Кастекс додаде дека нов случај со Ковид се прима во болница на секои 30 секунди и по еден на интензивна нега на секои три минути.

Златко Шумковски

Leave a Reply