Франција ќе потроши 200 милиони евра за уништување на вино

Сподели со своите пријатели

Француската влада ќе одвои 200 милиони евра за уништување на вишокот вино и поддршка за производителите поради падот на побарувачката за овој пијалок.

Loading...

Се повеќе луѓе пијат крафт пиво, а индустријата има проблем со хиперпродукција, јавува Би-Би-Си.

Најголем дел од парите ќе бидат искористени за купување на вишок на залихи, а алкохолот ќе се продава за употреба во производи како средства за дезинфекција на раце, средства за чистење и парфеми.

Истовремено, финансиска помош ќе имаат лозарите за преминување на други производи, како што се маслинките.

Според податоците на Европската комисија, до јуни годинава потрошувачката на вино е намалена за седум отсто во Италија, за 10 отсто во Шпанија, за 15 отсто во Франција, за 22 отсто во Германија и за 34 отсто во Португалија, додека производството на нивото на Европската унија се зголеми за четири отсто.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Не е исклучено и ЕУ да го забрани ТикТок