Франција испрати ПВО систем „Кротал“ во Украина

Сподели со своите пријатели

Франција испрати нов контингент на воена помош за Украина, вклучувајќи две батерии на системот за воздушна одбрана „Кротал“ и два повеќецевни ракетни фрлачи, објави францускиот министер за одбрана Себастиен Лекорни.

Loading...

„Иако помошта на Франција е главно насочена кон самоодните артилериски системи Цезар, од кои 18 се веќе пренесени од почетокот на војната, списокот на вооружени системи е многу поширок. Тука се и ракетите Милан и Мистрал, оклопни транспортери, Противтенковски мини ХПД-2А2, заштитна опрема во случај непријателот да употреби нуклеарно, биолошко или хемиско оружје и уреди за ноќно гледање од најновата генерација“, рече Лекорни.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ISW: 2025 година ќе биде клучна година за Русија. Путин постави ултиматум

Според министерот, Франција од почетокот на војната испратила воена помош за Украина во вкупна вредност од 550 милиони евра и е меѓу петте најголеми земји донатори на Украина.

Вкупната вредност на воената помош што земјите од ЕУ и ја испратија на Украина изнесува околу три милијарди евра, пренесува Укринформ.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.