Франција: Инфлацијата во јули забрза повеќе од очекуваното

Сподели со своите пријатели

Инфлацијата во Франција во јули забрза повеќе од очекуваното и достигна нови рекордни нивоа, пред се поради повисоките цени на енергијата и храната, покажаа во петокот прелиминарните податоци на францускиот национален завод за статистика Insee.

Loading...

Потрошувачките цени се зголемија за 6,1 отсто на годишно ниво во јули, над растот од 5,8 отсто во јуни. Тоа е повеќе од просечните очекувања на аналитичарите за раст од 6 отсто.

Нагорниот тренд на инфлацијата во голема мера беше поттикнат од скокот на трошоците за енергија од 28,7 отсто.

По ова следува поскапување на храната за 6,7 отсто. Зголемувањето на трошоците за услуги поврзани со летниот период го поддржа и целокупниот раст на цените во јули.

На месечно ниво, потрошувачките цени во јули се зголемија за 0,3 отсто, по растот од 0,7 отсто во претходниот месец, согласно очекувањата.

Инфлацијата во ЕУ, исто така, се зголеми на нова рекордна стапка од 6,8 отсто во јули, во однос на 6,5 отсто во јуни. Очекуваната стапка беше 6,7 отсто.

Претходно, највисока инфлација од водење на евиденција беше во 1997 година. На месечно ниво, усогласениот индекс на потрошувачки цени (ХИЦП) зајакна за 0,3 отсто во однос на јуни, кога бележи пораст од 0,9 отсто. И тоа е во согласност со прогнозите.

Сите информации за економско-енергетската криза во светот можете да ги прочитате ТУКА.  

Loading...