Франција целосно ја укинува 5G мрежата на Хуавеј

Сподели со своите пријатели

По Велика Британија, Франција исто така се подготвува да ја укине 5G мрежата на кинеската компанија „Хуавеј“ до 2028 година.

Loading...

Според politico.eu, Агенцијата за компјутерска безбедност (АНССИ) нема да дозволи телекомуникациските компании во Франција да ги обноват лиценците за 5G мрежна опрема со кинеската компанија „Хуавеј“ по 2028 година.

Лиценците за Хуавеј важат три или пет години, а за европските конкуренти Ериксон или Нокиа осум години. Ваквите ограничувања од страна на ANSSI би довеле до постепено исклучување на Хуавеј од француската 5G мрежа до 2028 година, пишува Ројтерс.

Одлуката на француската агенција уследи по сличното соопштение на Лондон претходно овој месец дека ќе забрани купување на нова 5G опрема од „Хуавеј“ од јануари и ќе ги принуди операторите да ги отстранат постојните комплети од кинеската компанија од нивните 5G мрежи до 2027 година, во услови на интензивна американска кампања за истребување на Хуавеј од Европа.

САД, кои ја обвинуваат Кина дека ја користи својата опрема за шпионажа, што Хуавеј категорично го негираше, како и официјалниот Пекинг, вршат притисок врз своите сојузници да го следат нивниот пример и да ја забранат работата на компанијата.

„Позицијата на Франција е слична на британската, но комуникацијата на владата е различна“, цитираше Ројтерс за извор.

„Хуавеј не може многу да стори за тоа“, додаде тој.

Француската одлука уследи по растечките повици од различни членки на Европската унија за изнаоѓање на европски одговор на стравувањата од компјутерска сигурност поврзани со Хуавеј.

Loading...

Leave a Reply