Франција ѝ се заканува на прехранбената индустрија со даноци поради високите цени

Сподели со своите пријатели

Француската влада би можела да користи даночни мерки за да го намали профитот на прехранбената индустрија доколку не прифати преговори за високите цени, изјави министерот за финансии Бруно Ле Мер.

Loading...

Растот на цените на храната во Франција достигна рекордни 15 отсто во последните месеци и покрај поевтинувањето на суровините, пренесува Хина.

Прехранбената индустрија жнее големи профити и мора повторно да преговара со трговците и пониски цени, рече Ле Мер.

Нагло поскапување на храната

„Доколку прехранбената индустрија не се врати на преговори, ќе ги искористиме сите мерки што ни стојат на располагање, вклучително и даноците, за да им го одземеме неправедно стекнатиот профит од грбот на граѓаните“, рече министерот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Поплави во Австралија: Четири лица загинаа, 50.000 луѓе изолирани

Цените на храната во Франција нагло пораснаа по редовните годишни преговори во март кога компаниите за храна и трговците на мало се договорија за просечно зголемување на цената од десет отсто, неопходно, како што велат, за покривање на повисоките трошоци за производство.

Бидејќи високите цени на храната ја поттикнуваат вкупната инфлација, Ле Мер постојано повикуваше на повторно отворање на преговорите, така што и потрошувачите ќе го почувствуваат глобалниот пад на цените на суровините.

Сите информации за економско-енергетската криза во Македонија, регионот и светот можете да ги прочитате ТУКА.