Фоторепортер ги овековечил фрлените работи на бегалците на патот кон Европа (фото)

Сподели со своите пријатели

Српскиот фоторепортер Луис Вега, овековечил неколку фотографии од место близу унгарската граница, каде деноноќно, цело лето поминуваат по илјадници бегалци од Блискиот Исток речиси секој ден.

Loading...

Пристигнав на унгарската граница со Србија во почетокот на септември. Областа која го опкружува селото Реска, неодамна стана жариште на миграцискиот пат кој почнува од Грција и води кон централна Европа.

Додека со некои од нив пешачев заедно по пругите, ми падна на памет, овие приказни на сириските бегалци да можам да ги прераскажам без да го прикажам нивното лице. Наместо тоа, фотографирањето на нивните работи кои ги оставаат зад себе, ги даде нивните портрети кои се подлабоки, а што да не и попоетични, запишал Вега на својата веб страна.

Вега во најавата на галеријата од Реске, вели дека е изненаден од работите кои тој ги нашол на патот кон Унгарија, т.е плишани играчки, лекови, карти за брод, хигиенски производи, храна и облека, работи кои на пример никогаш нема да ги најдете фрлени на улиците на сиромашните земји како што се Маурициус, Мали, Сенегал или Мароко.

Фоторепортерот во заклучкот на својата објава напишал дека фрлените работи можеби конечно ќе помогнат сите да разбереме дека бегалците не ги бараат нашите работни места, туку бараат заштита.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.