Фотографија од чопор волци која ги открива тајните на опстанокот (фото)

Сподели со своите пријатели

Волците и нивното движење во чопор на момент ја отсликуваат логичната и праведна организација, вели авторот на фотографијата која го обиколи светот, овековечена додека волците низ густ снег се движат низ планински предели во националниот парк Ванатори Неамт во Романија.

Тоа што зачудува, односно поставува прашалници во главата како и зошто токму на овој начин се распоредени волците кои се движат еден зад друг и како се распоредуваат, штитејќи се на тој начин да не бидат нечиј плен.

Еве го објаснувањето на авторот…

Првите три волци кои го газат натрупаниот снег се всушност и трите најстари волци, најболните и најспорите во целата заедница. Тие го диктираат темпото, а во случај да наиде било каква опасност по нив,  тие ќе бидат првите жртвувани.

По нив чекорат пет најсилни и најдобри волци од чопорот кои се дел од вид на извидница, а зад нив во златната средина чекорат 11 волчици, па повторно пет машки волци кои како војска го чуваат грбот и накрај, последен, речиси изолиран, чекори водичот на чопорот кој оддалеку има одличен преглед на целата колона и ја држи целата ситуација под контрола.

 

Loading...

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.