Фотографии на Макрон на кои боксува станаа предмет на потсмев (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Фотографиите на кои се гледа францускиот претседател Емануел Макрон како вежба бокс, предизвикаа различни реакции на социјалните мрежи.

Loading...

Официјалниот фотограф на францускиот претседател во вторникот објави две црно-бели фотографии на Инстаграм, на кои се гледа Макрон со боксерски ракавици и боксерска торба пред него, пренесува Фигаро.

Весникот наведува дека некои корисници на социјалните мрежи го обвиниле фотографот дека прибегнал кон уредување за фотографијата да биде повпечатлива, а некои го споредиле Макрон со Роки Балбоа.

Други корисници на социјалните мрежи истакнаа дека фотографиите биле објавени набргу откако Макрон изјавил дека не може да се исклучи можноста за испраќање на западни трупи во Украина и се пошегувале дека на фотографиите се гледа како Макрон се подготвува да се соочи со рускиот претседател Владимир Путин, кој често покажува спортски дух на фотографиите.

Женскиот магазин „Фем Актуел“ напиша дека „сопругот на Брижит Макрон“ има „одлучен изглед, како да сака да се бори со противничката“.

Пратеничката на Зелените Сандрон Русо ги критикуваше фотографиите кои ги окарактеризира како „беда на политиката, пораз на прогресивизмот и сиромаштија на политичката комуникација“.

Ерик Ансо, професор по историја на Универзитетот во Лорен, на X напиша дека фотографиите се „дел од неопопулистичката машкост што ја фаворизираат одредени лидери денес, почнувајќи од мајсторот на жанрот Владимир Путин“.

Сопругата на Макрон, Брижит, минатата година изјави дека тој редовно тренира бокс два пати неделно.

Loading...

На 8 јануари, Макрон се фотографирал со боксерски ракавици на рамо во кратко видео на неговиот профил X 200 дена пред церемонијата на отворање на Олимписките игри во Париз, според Фигаро.